
Иако викендот не го планираме истото како и работниот ден, сепак е потребна организација како паметно да се искористаат слободните часови, како да одвоите време за вашето семејство, пријателите и секако за самите себе.
Слободното време треба да го искористите за полнење на батериите и поттикнување на инспирацијата.
Секако, секој од нас има поинаков начин како ќе се подготви за следната работна недела. Пребаравме како својот слободен викенд го поминуваат некои од познатите дами во денешницата.
ВИКТОРИЈА БЕКАМ
Покрај бутиците ширум светот и големата колекција на гардероба што ни ја претставува, Викторија викендот го резервира искучително за нејзиното семејство што докажуваат нивните бројни фотографии.
РЕБЕКА МИНКОФ
Една од омилените дизајнерки на Инстаграм, викендот го користи за пишување на своите нови и интересни подглавја во својот дневник на друштвените мрежи, исто така осмислува нови идеи и проекти.
ТЕЈЛОР СВИФТ
Моментално најпопуларната пејачка викендот го користи за свoите кратки екскурзии. Вие направете избор дали таа екскурзија ке биде со вашиот дечко или со пријателките.
МИШЕЛ ОБАМА
Мишел својот викенд го користи за вежбање, а исто така скока на јаже. Постојат многу вежби со кои секоја дама сака да се раздвижи за викенд. Здрав дух во здраво тело.
ШЕРИЛ САНДБЕРГ
Шерил својот викенд го користи за детокс од своите друштвени мрежи и на останатите технички чуда кои ни ја одземаат енергијата во работна недела. Намалете го тонот и викендот поминете го во друштво на пријателите.
KAMERON DIAZ
Kамерон својот викенд го поминува во кујната. Како што вели, своето слободно време го посветува на себеси и своето здравје. Викендот го користи за купување на намирници за неделата што доаѓа.