
Маж е фатен со 14 тегли марихуана. Како што јавува МВР протв 47 – годишниот Т. Ѓ. од село Робово, општина Босилово е поднесена кривична пријава, а одреден му е и 30-дневен притвор.
При претрес во домот на пријавениот биле пронајдени 12 тегли од 720 милилитри и две тегли од 2,5 литри со непозната сува зеленкаста растителна материја.
Во разговор со полициските службеници пријавениот посочил дека станува збор за опојна дрога марихуана која тој ја има произведено покрај реката помеѓу селата Робово и Сачево.
Од наведената дрога Т.Ѓ. , неколку пати, продал на лице од Струмица.