
Семејна драма во прилепско. Прилепчанец со нож ги нападнал поранешната сопруга и нејзиниот татко.
Четириесет и шест годишниот С.У. од прилепското по претходна расправија им нанел убодни рани во пределот на грбот на М.У. (41) – негова поранешна сопруга, и на нејзиниот татко И.Ф. (75).
Лицата се пренесени во Општата болница во Прилеп.
Кај М.У. биле констатирани телесни повреди, а кај И.Ф. тешки телесни повреди. Напаѓачот С.У. е во бегство. Увид на местото на настанот извршиле јавното обвинителство и полициска екипа од Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.