
Четири возила се судрија денеска на патот Штип-Кочани, во близина на селото Облешево. Две малолетни деца завршија во болница, пренесува ТВ Стар.
По судирот, малолетниците биле префрлени во кочанската болница, каде им се констатирани лесни телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и дополнително ќе ги утврди причините за сударот.