
И додека за поголемиот број тинејџери е вистинска ноќна мора кога мораат да излегуваат со родителите, по се изгледа тоа е многу поинаку кога Силвестер Сталоне ви е татко.
Актерот на Инстаграм објави фотографија од враќањето од забавата пред доделувањето на Оскарите на која е заедно со неговата 18-годишна ќерка Софија.
Очигледно Сталоне сака да се забавува со неговите ќерки, а изгледа дека ниту ним не им е здодевно да одат на забавите за Оскар заедно со татко им.
Инаку, многумина прогнозираат дека Сталоне има добри шанси да ја освои златната статуетка за улогата во филмот „Creed“.