
Ноќеска во 40-тата година од животот ненадејно почина Марија Петковска, новинар во дескот на Македонската радио телевизија.
Колективот на МРТВ по повод смртта на својата колешка испрати сочуство до семејството, сопругот Димитар и ќерката Мила.
Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел со почеток во 12 часот.