Сообраќајот на сите патишта се одвива нормално

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози, информираат од Македонија Пат.

Магла со видливост од 30 до 50 метри има на патните правци Крак-Стража, Крак- Маврово и Лисец – Попова Шапка.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината според условите на патот.