По вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога околу 500 мигранти ја урнаа оградата и се обидоа насилно да влезат во Македонија, денеска повторно поголема група се собира во обид насилно да влезе во земјава.
На терен е видливо зголемено полициско приуство, како и нервоза кај мигрантите, чиј број постојано се зголемува.
Во моментот во Грција има околу 25.000 бегалци, а се проценува дека во Идомени околу 8.000 бегалци. Македонскиот премин е строго контролиран и се пропуштаат онолку бегалци колку што ќе пропушти Србија. Според информации од МВР претходните неколлку денови во Македонија влегле само неколку стотина бегалци.
Грчките власти тврдат и дека кон граничната зона со Македонија пеш или со организиран превоз тргнале нови 500 бегалци.