Кога се виде моќта на руското оружје, ставовите се сменија.
Русите го спасија режимот и го зацврстија до степен во кој мислата дека тој може да биде соборен се претвори во најмала рака дека тоа всушност можно е да се случи во една далечна иднина.
Одеднаш опозициските групи беа лишени од својата основна цел. Од друга страна успехот на Москва предизвикува нови проблеми.
Полесно е да се војува, отколку да се смислат политички решенија.
Русија не е премногу расположена да го поддржува воено режимот на Асад, а уште помалку да војува поради него до бескрај.
Се претпоставува дека крајната руска цел е да обезбеди стабилна и доверлива Сирија, како сојузник, што пак не соодветсвува со апсолутна поддршка за Башар Асад, или со укажување безрезервна помош на Дамаск за да ги постигне своите цели, а истовремено да добие целосна контрола врз Сирија.
Москва преговара со дузина опозициски фигури и можеби веќе добро разбира дека малкумина се согласиле на козметички промени во стариот режим, како и дека е потребно внатрешно уредување на состојбите, со кои би се согласиле и сунитското арапско мнозинство и курдите, но и не само оние сунити, кои одамна му се лојални на Асад.
Копнена офанзива на режимот и опозицијата против „Исламска држава“, во координација со западните сили, исто така е многу тешко изводлива.
И покрај сетоа ова, реструктуирањето на Сирија, како на пример во една слободна и федерализирана држава, ќе биде многу тешка задача.
Државниот секретар на САД, Џон Кери изигра многу добро, иако во рака имаше слаби карти.
САД го изгубија своето влијание врз Дамаск, и тоа пред многу години, кога избрзано се одредија против претседателот Асада. Изгубија уште повеќе, кога во 2013 година претседателот Барак Обама одлучи да не бомбардира сириски цели, како одговор на тоа што режимот користеше хемиски оружја.Воената кампања, која Вашингтон ја презеде против „Исламска држава“, во Сирија и во Ирак, имаше многу слаб резултат, а нејзиниот одраз врз колебливиот напредок на Ирак е далеку од импресивна.
Она што всушност го направи Кери, е преземање на руски проект, и обидот да го сврти така што ќе биде во корист на интересите на Америка, Европа и на другите засегнати држави.
Русија и САД неможат еден без друг, имаат голема меѓусебна потреба и истовремено постојано се обидуваат да имаат взаемна корист. Тоа многу лесно би можело да тргне во погрешна насока, но засега е единствената опција, која ветува какво такво олеснување на страдањата на народот во Сирија.