Од 9-ти Март имаме Млада Месечина и целосно затемнување на Сонцето во знакот риби. Затемнувањето и Младата Месечина ќе бидат во точна опозиција со Јупитер, па со самото тоа ефектот ќе биде уште посилен. Со оглед на тоа што знакот риби е 12-то поле и ја претставува првенствено нашата потсвест може да кажеме дека најсилно ќе биде дејството токму на самиот наш начин на размислување. Со некои работи или луѓе што не „труеле“ на било кој начин, сега можеме да завршиме затоа што ќе најдеме сила во самите себе си за да излеземе од маѓепсаниот круг.
На 12-ти март Венера влегува во знакот риби. Таа е егзалтирана во овој знак и ќе ви донесе голем емотивен занос, романтика, сетилност, сексуалност. Периодот до 21-ви март ќе биде проткаен со големи страсти и нереални љубовни очекувања, а степенот на тајни односи вртоглаво ќе се зголеми, затоа што цело време Венера ќе биде во квадрат со Марс и во конјукција со Нептун. Ќе има љубов, тајни, секс, а во колкава мерка односите што ќе бидат отпочнати во овој период ќе бидат трајни тоа е големо прашање. Сепак ќе ви донесе опиеност и магија.
На 20-ти март Сонцето влегува во знакот на Овен и официјално ќе настапи пролетта. Време е да живнеме и тоа жестоко. Чувствата и волјата ќе станат уште позиразени, а разумот ќе го ставиме некаде настрана. Сега е важно да се бориме и да победиме.
На 23-ти март Полна Месечина во знакот вага и затемнување на Месечината. Со оглед дека вагата е знакот што владее со односите, без разлика дали се работи за работни или емотивни, советот е во деновите пред и по затемнувањето да бидете подготвени на компромис со личностите што ви се важни и да се обидете на вистински начин да го искориустите неговото влијание.

Овие денови ќе се оствари и квадратот на ретроградниот Јупитер од девица со Сатурн кој излегува од знакот стрелец. Прашањата околу работното место, здравјето, материјалниот статус, плановите, странство – сето она што сте го почнале во месеците што претходат сега повторно ќе дојдат на дневен ред, да бидат преиспитани, проверени, потврдени или пак во целост блокирани.
Во периодот…