ФОТО: Катица Јанева повторно фатена во лага

По објавувањето на документите од телевизија Алфа, Јанева денеска не се јави со никаков одговор. Останаа неодговорени прашањата дали е точно дека СЈО се јавила на јавниот повик за доделување на земјиште и дали е точно дека под полна морална и кривична одговорност тврдела дека има насад од смокви стари над три години. Документите кои ги објави телевизијата, и празните ниви покажуваат дека дека Јанева повторно е фатена во лага.

Со ова, Јанева е втор пат фатена како дава лажен исказ. За потсетување, првиот пат беше кога бараше државен стан затоа што немала стан во Скопје, а после потпишала изјава дека нема стан поголем од 80 м/2, а има два стана во Скопје.

Во првата изјава која е наведена во барањето, Катица Јанева тврдеше дека не поседува стан или куќа во Скопје и бара да ѝ се одобри на користење службен стан или да ѝ се определи надомест за закупнина на стан во Скопје бидејќи живее на повеќе од 100 километри оддалеченост од градот.

katica-01

Во втората изјава, пак, приложена кон барањето, Катица Јанева пред нотар вели дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат во сопственост или под закуп стан или куќа во Скопје со површина од најмалку од 80м2.

katica-02

Единствено логично образложение зошто Катица Јанева споменува дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат стан од над 80м2 е фактот дека Катица Јанева веќе имала наведено во анкетниот лист дека на име на нејзините деца се водат два луксузни стана во центарот на Скопје кои навистина се под 80м2.