Компанијата ЦСР корпорејшн лтд, каде беа произведени новите патнички возови е еден од најголемите светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во НР Кина.

Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Тие се климатизирани, опремени со вакуум тоалети, ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност. Освен тоа истите ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и условите за превоз на лица со ограничено движење.
Набавката на возовите се врши со 25 милиони евра, дел од кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Со 15 милиони евра од кредитот се финансираше и купувањето 150 товарни вагони за МЖ – Транспорт, а со 10 милиони евра обновата на постоечките локомотиви и гарнитури.
Годинава реконструкција на 10 железнички станици долж Коридорот 10
Покрај во набавката на нови возови Владата вложува и во другите сегменти на железничкиот транспорт.
Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при неговата неодамнешна посета на Демир Хисар.

Тој потенцира…