
Шефовите на Манчестер Јунајтед (Ед Водвард), Челзи (Брус Бак), Арсенал (Иван Газидис), Манчестер Сити (Феран Сориано) и Ливерпул (Јан Аир) одржале состанок со Рос во лондонскиот хотел „Дорчестер“. Како што тврдат медиумите планот на американскот тајкун е да се создаде елитно натпреварување, кое ќе биде закана дури и за Лигата на шампиони.
Рос е организатор на „International Champions Cup“ турнир кој веќе неколку години се одржува и на кого учествуваат најголемите европски клубови. Сега има план да направи ново такво елитно натпреварување од затворен тип во кое ќе бидат најголемите европски клубови вклучително и споменатата петорка од Англија.
Тоа натпреварување ќе биде еквивалент на сегашната Лига на шампиони, но клубовите ќе заработуваат многу повеќе и нема да стравуваат дали ќе обезбедат пласман како што е случајот со Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Милан и Интер кој не се знае дали следната година ќе се пласираат во ЛШ.
Тајкунот сака новото натпреварување да го започне што е можно побрзо, а англиската петорка наводно е веќе спремна да ја напушти Лигата на шампиони и да се приклучи на новото натпреварување.