„Курир“: На Катица Јанева ѝ требаат три дена за да провери дали има смокви и дали дала таква изјава пред нотар

Како што објави Алфа вчера, во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите.

Според објавените документи, СЈО аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација.

Ponuda-Javen-Povik640

За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство, стои во „Јавниот повик“.

Izjava-na-Katica-Janeva

Според документите, Јанева понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите  во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари, и пишува дека намената е овоштарство. Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик  бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија.

Откако завршил…