
Магазинот „Форбс“ ги објави имињата на најбогатите жени во светот. Година бројот на жени се намали на 190 жени, во однос на минатата година кога имало 197 жени, а жените прават само 10 отсто од вкупниот број од 1.810 богати луѓе.
Во текот на изминатата година 6 жени милијардери починаа, а богатството на 31 жена падна под 1 милијарда долари, но 27 жени се придружија на листата на билионери за прв пат, а други 3 повторно го стекнаа овој статус откако беа симнати во текот на минатите години.
Лилиен Бетенкор – Наследничката на Лореал
Лилиен Бетенкoр од Франција се врати на позицијата најбогата жена во светот, а на листата на најбогати луѓе во светот е на 11-тата позиција. Нејзиното богатство се намали за 4 милијарди долари во изминатите години откако акциите на компанијата Лореал доживеаја пад. Според францускиот суд, осум лица, меѓу кои и фотографот на богатите менаџери и славни лица Мари Бание беа обвинети во мај 2015-тата за измама тешка неколку милиони евра извршена над 93- годишната Парижанка. Бание беше обвинет на три години затвор и му беше наредено да и плати на Батенкор 172 милиони долари оштета. Судот ќе ја слушне неговата жалба во мај годинава. Батенкор и нејзиното семејство „тежат“ 36, 1 милијарди долари.
2. Алис Валтон – Наследничка на „Валмарт“
Алис Волтон е втората по ред најбогата жена во светот со 32, 3 милијарди долари на нејзино име. Нејзината богатство се намалило за 7, 1 милијарди долари во споредба со минатата година како резултат на намалувањето на цената на акциите на Валмарт. Валтон за разлика од нејзините браќа Роб и Џим не е активно вклучена во работата на синџирот мега-маркети што нејзиниот татко Сем го основа во 1962-та година. Но, сепак има дел од богатството на Валмарт. Наместо ова, Алис е колекционер на уметнички дела и на донации, а донираше 25.000 долари за поддршка на кампањата на Хилари Клинтон.
Жаклин Марс – Наследничка и ќерка на основачот на „Марс“