5. Сузан Клатен – Наследничка на акционерите на БМВ
Сузан Клатен од Германија е петта по ред најбогата жена во светот. Таа во тајност доби дополнителни акции на БМВ од нејзината мајка во текот на изминатите години но трансферите беа префрлени дури откако нејзината мајка Јохана Куандт, која минатата година беше 9-та по ред најбогата жена, почина во август 2015-тата. Клатен тежи 18, 5 милиради долари, а заедно со нејзиниот брат Стефан Квандт (кој исто така е милијардер) заедно поседуваат речиси половина од БМВ. Клатен исто така е позната и по тоа што успеа да обезбеди за германската фармацевтска и хемиска компанија Алтана АГ над 2 милијарди долари во годишни приходи.
6. Кристи Валтон – снаата на основачот на Валмарт
Уште една жена од кланот „Валмарт“ се најде на листата на „Форбс“. Кристи Валтон, која минатата година беше најбогата жена и снаа на основачот на „Валмарт“ Сем Валтон, се лизна од врвот на листата годинава откако претходно се појавија информации дека имотот на нејзиниот сопруг Џон е поделен помеѓу неа и нивниот 29-годишен син Лукас. Како резултат на ова „Форбс“ сега богатството на Кристи го проценува на 5, 2 милијарди долари, а го вклучи и нејзиниот син во клубот на милијардерите. Лукас Волтон во моментов „тежи“ 10, 4 милијарди долари.