
Полициски службеници вчера предпладне извршиле претрес со судска наредба во станот на Н.Д. (30), на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. При претресот, во една од собите пронајдени се 10 пакувања со хероин. Во станот бил и Х.У. (41) кој заедно е Н.Д. е приведен во полициската станица Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Пронајдената количина хероин, 27 илјади денари во разни апоени и еден мобилен телефон, со потврда се одземени.
Во текот на денот, двајцата со пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.