Професионален питач заработува колку британскиот премиер

Професионален питач во англискиот град Вилверхемптон заработува 130.000 фунти годишно, што е само 12.000 фунти помалку од годишната плата на британскиот премиер.

Питачот, кој во англискиот град Вулверхемптон се преправа дека е бездомник, дневно „заработува“ 500 фунти, пишува британски „Дејли Мејл“.

Началникот на секторот за околина, Стив Еванкс вели дека овој англиски град е соочен со гем број лажни питачи и бездомници.

Се верува дека неименуваниот маж за кој пишува „Дејли Мејл“ неделно заработува околу 2.500 фунти. Негова „мета“ се купувачите во трговските центри и минувачите.

-Во центарот на градот имаме професионални питачи, кои ги мамат граѓаните. Уверен сум, вели Еванс, предупредувајќи дека поради нив се загрозени правата на бездомниците.

Еванс вели дека на градските власти им е познато дека тој питач живее во навистина пристојни услови и дека само се преправа. На годишно ниво добива 130.000 фунти, што е само 12.000 фунти помалку од годишната плата на премиерот Дејвид Камерон.

-Жалосно е што постојат луѓе кои навистина се во тешка ситуација и поединци кои ја злоупотребуваат дарежливоста и добрината на другите, смета Еванс, додавајќи дека работи на тоа питачитекои ја мамат јавноста да бидат изведени пред суд.