Внимавајте: Снег и намалена видливост на дел од патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Маврово, но не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и Маврово. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд. Намалена видливост поради магла,  од 50 до 60 метри, има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 март 2016 година.