
Турција се согласила да прифати враќање на економски мигранти, изјавиле извори од ЕУ за грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Одлуката ќе биде вклучена во изјавата на самитот на ЕУ во понеделник во Брисел, рекле изворите и додале дека Турција нема да прифати враќање на бегалци од воените зони.
Претходно, и „Фајненшл тајмс“ јави дека Европската унија е близу до договор со Анкара, што ќе предвидува враќање на сите несириски мигранти од грчките острови назад во Турција.