
САД се стратегиски партнер на Македонија. Вашингтон како пријател ги следи сите аспекти за одржување на фер и демократски избори на 5-ти јуни. Доколку сите ги извршат своите обврски, не постојат никакви пречки за одржување на изборите во договорениот термин.
Ова го изјави шефот на одделението за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји по средбата со премиерот за спроведување на предвремените собраниски избори, Емил Димитриев што се одржа во Владата на Република Македонија.