
Исчезна 16-годишна штитеничка на домот „11-ти Октомври“. Вчера во 14.30 часот во полициската станица во Центар А.Б., психолог во дом „11-ти Октомври“, пријавила дека на во средата во 14.00 часот од домот се оддалечила шеснаесетгодишна корисничка на домот.
Истата пријавила дека ќе оди на училиште, но од училиштето добиле информација дека не посетила настава на 02 и 03.03.2016 година.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.