
Американскиот ланец за здава храна, Whole Foods смисли несекојдневен начин за продажба на мандарини – ги продава излупени во пластичен сад.
Фотографијата од излупените мандарини во пластични кутии е направена во една продавница во Калифорнија, а беше објавена на Твитер.
„Зар денеска луѓето се навистина толку мрзеливи?“, е само еден од бројните коментари на социјалните мрежи.
Меѓутоа голем број граѓани ја критикуваа употребата на пластика за оваа намена, по што компанијата призна дека погрешила и реши мандарините повторно да ги продава во нивното природно пакување, односно со кора.