
-Во целост ги демантираме дезинформациите кои се појавија во некои медиуми дека наводно Владата донела одлука со која што наводно се поништила одлуката на општина Бутел за изградба на крстот.
Тоа е тотално неточно и невистинито. Владата нема донесено таква одлука, ниту пак вчера има одржано седница, стои во соопштението од Владата.
Вчера порталот на албански јазик Албеу објави, а повеќе медиуми ја пренесоа таа информација, дека, наводно, на вонредна седница Владата ја поништила општинската одлука за поставување крст.