
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од нула до шест, а дневните од 14 до 20 степени.