
Бесими напомена дека целта на неговата посета во Гевгелија е да види и каква е состојбата во кампот пред неделата во која очекуваме во Брисел да се донесат важни одлуки за понатамошно справување со бегалската криза.
Процесот со бегалците, истакна Бесими, е сложен затоа што има хуманитарни и формално правни димензии кои мора да се почитуваат за да им се излезе во пресрет на луѓето на кои им е потребна помош согласно меѓународните стандарди.
– Видов денеска како изгледа тоа во овој центар. Ја поминавме целата патека на бегалците од нивниот прием во центарот, сместување, храна, укажување помош од секаков вид и постапката со биометриската регистрација и се уверив дека во ПТЦ Гевгелија мигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман до нивно транзитирање низ земјава, нагласи вицепремиерот Бесими.
Тој посочи дека на донатоската координација во Гевгелија било разговарано и за подготовките за соочување со предизвиците кои би се случиле при евентуално затворање на граници и носење еднострани решенија од некои земји кои би можеле да поредизвикаат дополнителни проблеми.