Лазаров: Немаме против да се градат споменици во Центар, но не се согласуваме со предложените

Лазаров: Немаме против да се градат споменици во Центар, но не се согласуваме со предложените
Лазаров: Немаме против да се градат споменици во Центар, но не се согласуваме со предложените

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано за предлозите на советниците од СДСМ и Андреј Жерновски за поставување на нови спомен одбележја во општина Центар, од едноставна причина што не се согласува со листата која ја понудија, вели Томислав Лазаров од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема ништо против тоа што СДСМ и Андреј Жерновски одлучиле да постават шест нови спомен одбележја во Центар, но сметаме дека нема потреба од повторување.

За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо спорно во тоа да им се изгради спомен обележје на истакнати историски личности или значајни историски настани.

Конкретно, поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров веќе има свое спомен обележје во рамки на споменикот на АСНОМ поставен спроти Собранието на Република Македонија.

Исто така сметаме дека во Центар постојат и други личности и традиции кои заслужуваат да бидат одбележани, но за тоа мора да се дискутира, а не одлуките да се носат конспиративно и подалеку од очите на јавноста.

Јавноста треба да знае зошто Андреј Жерновски и советниците од советничката група на СДСМ одлучија да се градат спомен одбележја на „Играчи на Фанта“ и „Железничката колонија“. ВМРО ДПМНЕ не ја спори одлуката да му се изгради спомен одбележје на „Кројач Ангелковски“, но треба да се размисли и за изградба на спомен одбележја на и други личности кои оставиле печат во живеењето на Скопје и кои заслужуваат ист третман како и “играчите на фанта”.

Сепак го поздравуваме овој пресврт во политиката на Андреј Жерновски и СДСМ кои долго време декларативно беа против спомен обележјaта што ги постави ВМРО-ДПМНЕ со ветувања дека нема да биде поставено ниту едно ново спомен обележје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе го поддржува позитивниот однос на општината кон значајните личности од историјата на македонскиот народ и од тие причини како што знае јавноста ВМРО ДПМНЕ преку изградба на спомен одбележја им оддаде должна почит на Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, на Павел Шатев и на десетици други кои оставиле траен печат во историјата на Република Македонија.