Шулц: Прашањето за членство на Турција во ЕУ да се одвои од преговорите со Анкара за мигрантите

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц на прес-конференција во Брисел, каде што во моментов тече вонредна средба ЕУ-Турција за миграцијата изјави дека прашањето за членството на Турција во ЕУ треба да се одвои од преговорите со Анкара за миграциската криза.

– Очигледно е дека има обид да се поврзе бегалската криза со процесот на пристапување на Турција во ЕУ. Но за Европскиот парламент е целосно јасно дека треба да ги одвоиме преговорите за членство од миграциската криза”, рече Шулц.