
Околу 14.000 бегалци се стационирани на границата на Грција со Македонија и чекаат за влез во земјава.
Протокот на бегалци од Грција во Македонија е строго редуциран од македонските власти, кои за тоа добиваат силна поддршка од Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија, пишува британскиот весник „Гардијан“, пренесува Нетпрес.
Инаку, денеска лидерите на земјите од Европската унија одржуваат итен самит во Брисел, каде се очекува да објават официјално затворање на балканската бегалска рута.