Осмомартовското патување за десет прилепчанки се претвори во кошмар

Осмомартовското патување во Италија на кое заминале десет жени од Прилеп се претворило во вистински кошмар. Тие биле ограбени во Лидо ди Јесело, уште на првиот ден од турситичката рута, пишува порталот „Пресс 24“.

Додека туристките пазареле во маркет, крадците го ограбиле автобусот кој ги чекал на паркинг. Исчезнале нивните патни торби, со облека, козметика, дигитални апарати, мобилни телефони, кредитни картички. Среќа во несреќа е тоа што чантите им биле в раце, па им останало некое евро.

Туристките се револтирани и од агенцијата, која го организирала патувањето по повод 8-ми март, зашто не презела ништо околу немилиот настан. Засега не се знае, кога и како ќе се вратат дома.

Информацијата за грабежот ја потврдуваат и од македонското МВР. Инаку, прилепчанките се обратиле за помош до Македонскиот конзулат во Венеција, од каде рекле дека веќе е почната соодветна постапка, според која ќе добијат потврди за украдени патни исправи, по што ќе може да јанапуштат Италија и да се вратат овде.