
Во Чачак Србија, утрово е прогласена вонредна ситуација, поради обилните врнежи што предизвикаа поплави на неколку места во тој град и во околината, а најкритично е во селата долж реката Чемерница, јавува „Танјуг“.
Началничката на Градскиот штаб за вонредни ситуации апелираше на жителите на Коњевиќ и Прељинскљ Балуга веднаш да почнат да се евакуираат.
Реката Чемерница се излеа и во горниот тек во селото Враничи, а Горевничката река во Горна Горевница. Според нејзината изјава обилните врнежи и надојдените реки ги загрозуваат домаќинствата, а во Прелина реката Чемерница повторно се излеа.
Слична е ситуацијата и во селата Трбушани, Миокивци и Враниќи и низводно од десниот и левиот брег на Морава.
Вонредна ситуација е прогласена и во општината Лучани. Општинскиот штаб за вонредна ситуација донел одлука за вонредна ситуација беше донесена во раните утрински часови по излевање на реките Бјелица, притоката на Горушица, Враљичка, Тијанска и Марковачка река.
Во текот на изминатата ноќ, биле поплавени околу 500 хектари обработливо земјиште, поплавени се и неколку десетици куќи во околните населби.