Точно е дека САД и нивната марионета ЕУ не ја сакаат Македонија таква, каква што беше прогласена во 1991 година. Затоа работат на нашето уништување и како држава и како Македонци со свој идентитет. Се разбира не можат отворено да признат дека сакаат да не’ снема како држава, иако веќе директно не уценуваат да го смениме нашето име (идентитет). Затоа ни зомбираат дека се загрижени за нашата демократија, човекови права и т.н.. И најголемата лага – дека се наши пријатели. Толку колку што се „пријатели“ на Авганиста, Ирак, Либија, Сирија, Украина. Само што македонските политичари не смеат да ја демантираат фалшивата реалност која САД ни ја наметнуваат. Ете зошто не пикаат во американската магла и на тој начин главни злосторници остануваат Заев и Шекеринска. Така ситните марионети добиваат главна негативна улога, а светскиот жандарм и фашист е нашиот „покровител“.
САД и македонските политичари не пикаат и во друга измамна реалност – во однос на албанскиот тероризам и екстремизам. Вистината е дека Американците континуирано го поддржуваат тој екстремизам и бараат федерализација на Македонија како пат за нејзина поделба меѓу Албанија и Бугарија. Американците и Албанците ни ја продаваат таа магла со лозунг за етничка и верска толеранција и соживот, но од тој „соживот“ добиваат само Албанците, кои веќе го окупираа поголемиот дел од Македонија. Веќе подолг период албанското малцинство (околу 17 % во државата) владее со останатиот дел од македонските граѓани и ги тероризира. Македонските влади влегуваат во коалиција со едната или со другата албанска партија и преку албанскиот диктат Македонија се албанизира. Формално Република Македонија има Собрание, председател и премиер. Објективно, одлуката се носи од колонијалниот гувернер Бејли и неговиот помошник Али Ахмети. Ахмети не го почитува ниту претседателот (официјално), ниту премиерот ниту Собранието. Истовремено тие се плашат од него. Тоа било невидено чудо и во времето кога не сме имале држава. И не смо тоа. Македонските државни институции не му даваат на народот да излезе од наметнатата фалшива реалност. Албанските терористи тепаат на Кале ама ние сме смирени по повик на власта. Противзаконски се ставаат знамиња, споменици на терористи, орли, се прекрстуваат училишта, ама ние не смееме да гукнеме за да немало „етнички тензии“. Го сквернавеја местото за поставување на крстот во Бутел, а како одговор Светскиот македонски конгрес протестира пред МВР барабар со градоначалникот на Бутел кој има ингеренции да стави ред во општината. Претседателот на СМК, Тодор Петров, пак се заплетка во своите христијански „прочки“. Црпнати македонски работи! Наместо да удриме здраво на вандалите, наместо да ги испаничиме и да не им дојде на памет за „етнички тензии“, со нашиот плач ги охрабруваме да продолжат со погромите.
Македонските државни институции, т.е. луѓето во нив не знаат зошто се таму. Заменикот министер во МВР, Митко Чавков „не знае“ дека според наметнатиот Пржински договор има право на вето врз секоја одлука на министерот Спасовски. И парктично, да ги блокира вработувањата на партиски кадри, како и се’ друго. Наместо тоа, тој и останатите во владата вмро – овци се жалат по медиумите. Ако двајца министри од СДСМ и четворица заменици министри можат да ги растурат државните институции, што институции се тоа? Ако протестот против крстот на 500 Албанци создава страв и трепет, каква е смислата ВМРО-ДПМНЕ да има повеќе од 150 000 организирани членови? И уште 350 000 приврзаници. Или ги држи како резерва само за избори? Кога е во порашање да се одбарни редот во државата, институциите и граѓаните мора да дејствуваат заедно. Со албанскиот екстремизам не може да има партиски надмудрувања, поигрувања, тактизирања и т.н.. Мнозинството мора да се држи како мнозинство и да носи одлуки во корист на македонскиот народ и на сите можни начини да го врати малцинството во законските и граѓански рамки кои природно му припаѓаат.
Денес сме ги оставиле малцинствата (етнички, религиозни, партиски) да одлучуваат за државата и да си ги спроведуваат одлуките. Да произведуваат нивни херои, да ги слават и да им подигаат споменици. Меѓутоа сме ги заборавиле нашите живи херои од 2001 година. Албанците ги знаат своите терористи – команданти, ги почитуваат и одликуваат. Дали ги знаеме и што правиме ние за нашите македонски бранители? На овој хаос мора да му се стави крај. Да се знае дека во Македонија нема „албански места“ како што тврди Ермира Мехмети. Албански места може да има само во Албанија. Во македонската држава живеат различни етноси, но тие живеат на македонска, а не на „своја“ територија и за таа територија одлучува македонскиот народ. Затоа треба како Гоце Делчев „да го скинеме црниот превез“ кој ни го ставиле наворешните и внатрешни душегрижници и да ја отфрлиме лажната реалност во која не’ напикале.