
Охрабрена од газењето на законите од страна на нејзиниот претпоставен Спасовски, Несторовска себе си даде улога на полиција, на обвинителство и на суд. Таа почна да им се заканува на сите оние кои не ги споделуваат нејзините политички ставови.
Голем дел од вработените во МВР, но и членовите на Советот во општина Карпош, се срамат од нејзиниот однос и веќе гласно коментираат дека ваква партизација во МВР и ваква злоупотреба и девалвирање на институцијата не се памети во изминативе 20 години.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, остро реагираше на нејзините недолични настапи, опоменувајќи ја за изречените закани и ја запраша навистина доколку се залага за борба против криминалот, зошто не му се обрати на нејзиниот партиски лидер и да го праша за бегањето од судски рочишта.
– Како висок полициски функционер паднат од Господ во Министерство за внатрешни работи ми се заканувате дека јас ќе сум одговарал за нешто. Еве јавно да ви кажам, дека и ти и оној министер Оливер Спасовски ќе ми плукнете под прозор сите заедно. Втора работа. Морутс пијан да сум јас глупости не правам. Затоа не ви се плашам, а се обидувате со полицајци да кружите околу општината да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, врати Јакимовски.