
МЖ Транспорт АД – Скопје од понеделник во редовен сообраќај го враќа деловниот воз 540/541 на релацијата Битола-Скопје-Битола.
МЖ Транспорт информира дека на релацијата Скопје-Битола-Скопје се воведува уште еден пар на возови 940/941. Сообраќајот на возовите 540/541 и 940/941 ќе се реализира со новите современи кинески дизел-моторни гарнитури.
Од Скопје кон Битола и од Битола кон Скопје, наместо постоечките три, ќе сообраќаат пет пара на возови.
Популарниот деловен воз (Пелагонија) ќе вози по важечкиот возен ред. Од Битола ќе тргнува во 5.18 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 8.02 часот. Од Скопје за Битола ќе тргнува во 17.10, а во Битола ќе пристигне во 19.51 часот. Нововоедениот воз 941 од Скопје ќе тргнуваат 1.40 по полноќ, а во Битола ќе пристигнува во 4.30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 ќе тргнува во 20.50, а во Скопје ќе пристигне во 23.39 часот.
Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење.