Јовевски: Намалувањето на невработеноста ќе продолжи и во следните години

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски смета дека намалувањето на невработеноста под 25 проценти во државава е еден позитивен чекор напред.

Тој додава дека овој исчекор е очекуван со оглед на трендот нанамалување на невработеноста кој трае веќе подолго време.

-Објективно очекување е дека тој истиот ќе продолжи и понатаму со намалување до 18 или помалку од 18 проценти во наредните две до три години. Станува збор за намалување на невработеноста која што е објективна и која што е ефект на сплет на неколку мерки кои се превземаат со цел намалување на истата, вели Јовевски.

Од една страна, според Јовевски, се мерките кои што ги предвидува државата, а од друга страна е зголемениот обем на инвестиции.

-Паралелно со намалувањето на невработеноста и зголемувањето на вработувањето на активното население кое што бара работа би требало да се придвижат работите кон зголемување на платите на вработените и кон јакнење на системот на заштита и безбедност при работа, а се со цел зголемувањето на платите да предизвика повторно позитивен ефект на економските текоови за да невработеноста продолжи да се намалува, а економијата да расте, истакна професорот Јовевски.