
Најмногу дожд, 42 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие се регистрирани во Гевгелија, 38 во Пожар, 36 во Струмица, 35 во Демир Капија, 24 во Битола, 20 Ѓуриште и Штип, 19 во Крушево,17 во Маврово и Виница, 16 Прилеп, 15 Берово, 14 во Пожаране и Тополчани, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во седум часот изутрина висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 13 сантиметри, во Маврово 11, а во Крушево шест.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Максималната. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степена.
Во Скопје ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.Температурата ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе има извесно стабилизирање на времето, а за викендот повторно се очекуваат врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат обилни.