
Теренската проверка ќе започне од понеделник со контрола на сомнителните податоци што ќе произлезат од вкрстувањето на податоците од базите на податоци на институциите.
Членовите на ДИК денеска расправаа и за критериумите по кои треба да се проверуваат пријавите за неправилности во избирачкиот список што пристигнаа откако беше објавена веб-апликацијата за гласачите. Досега се обработени 683 пријави, од вкупно пристигнатите повеќе од 2.000.