
„Фиат пунто“ се заби во мостот „Гоце Делчев“ и ја проби оградата. Тешката сообраќајна несреќа се случи предмалку во центарот на Скопје.
Брзата помош и екипи на противпожарните бригади пристигнаа на мостот и работат на извлекување на возачот од автомобилот.
Под мостот се извршувале градежни работи.