Денес променливо облачно и потопло, викендов дожд

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди не очекува во текот на денешниот ден.

Локално ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од два до пет, а дневната  од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Викендов повторно дожд

Викендов повторно дожд
Викендов повторно дожд

Во сабота попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни.

Локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог. Температурата ќе биде без поголеми промени, во сабота во интервал од девет до 14, додека во недела од шест до 12 степени.