Измијте го лицето со шампон против првут
Не секогаш, но ако некогаш ненадејно имате иритација на лицето, а немате соодветни средства тогаш користете шампон за коса против првут, тоа можете да го најдете секаде!
Бричење на суво
Со сигурност вашиот брич стои на работ од кадата или виси под тушот, а кога се бричите тоа го правите под млаз вода. Многу е подобро да се избричите на сува кожа, а потоа да ставите крема. Иритацијата е помала, а влакненцата не засраснуваат.
Измијте ја косата со сода
Ако вечерва имате важен настан за кој имате софистициран стајлинг, со користењето на гелови, пена и лак за зацврстување тешко ќе ја измиете косата. Затоа во вообичаениот шампон додадете лажица сода бикарбона: таа во целост ќе ги острани остатоците од лак или гел и ќе и го врати волуменот на косата.
Измијте ги забите пред појадокот
Забележано е дека кожата на пациентите што ги мијат забите пред појадокор изгледа подобро од оние што ова го оставаат за подоцна.
Туширајте се со млака вода
Можеби на почетокот ќе ви студи, но кожата ќе ви биде благодарна.
Купете кокосово масло
Ова е најдобрата крема за тело, идеална маска за лице и супер средство за коса.
Ден без шминка
Тука се мисли на ноќ без шминка. Само хидратација, исхрана и заштита. Барем еднаш неделно.