
Двајца сопружници од скопско Долно Лисиче во вторникот преживеале вистински хорор.
Како што информира МВР, вчера околу 12,15 часот во полициската станица Аеродром, Б.Ѓ. (74) од село Долно Лисиче-Скопје, пријавил дека во вторникот околу 15.30 часот во неговата куќа, непознат сторител извршил разбојништво.
Разбојникот откако влегол во неговата куќа, му упатил вербални закани на него и на неговата сопруга.
Истиот побарал пари, по што Б.Ѓ. му дал 3.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.