
Почина Мила Ѓинѓиќ, мајката на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Таа почина само два дена по одбележувањето на 13-годишнината од неговиот атентат.
Неговата мајка три години беше сместена во дом за стари лица, а имаше и постојана полициска заштита.
Таа ретко се појавуваше во јавноста, освен на помените на нејзиниот син.