
Состојки:
100 гр путер
50 гр шеќер
2 лажици какао
250 гр мелени бисквити
100 гр сецкани лешници
50 гр сок од портокал
400 мл млеко
1 пакетче пудинг од ванила
2 лажици шеќер
50 гр путер
Глазура:
100 гр чоколада
30 гр путер
Малку вода
Подготовка:
Пенасто се мати путерот и шеќерот. Се додаваат бисквитите, пржените лешници, какаото и сокот од портокал, а потоа се добро се меша. Калапот се обложува со хартија за печење и се става смесата со бисквитите. Пудингот се раствара во малку млеко и се вари со остатокот од млекото и шеќерот. Во оладениот пудинг се додава путер и добро треба да се измати. Пудингот се додава врз темниот слој и се прелива со глазурата од чоколадо (на пареа се топи чоколадата со путер и малку вода). Бајадерата откако ќе се олади се сече на коцки.