
Постот веќе почна. За оние што постат еве еден рецепт за посен ручек.
Состојки:
2 стебла праз
1 главица кромид
300-400 грама компир
Сол
Бибер
Ловоров лист
Сок од половина лимон
Лажица брашно
Подготовка:
Загрејте малку вода. Додадете го ситно исечканиот праз, кромид и варете додека зеленчукот не омекне.
Додадете го компирот исечкан на коцкицки, сол, бибер, ловоров лист и сето тоа прелејте го со 1 литар вода.
Варете 45 – 50 минути во тенџере со затворен капак на тивок оган.
Тргнете го од огнот, додадете една лажица брашно и проварете уште 5 минути.
На крај зачинете ја чорбата со сок од лимон.