
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски денеска се сретна со претставници Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми.
На средбата, соопшти денеска СДСМ, било разговарано за реформи во медиумите во Македонија.
Заев меѓу другото потенцирал дека прашањето за реформи во медиумите не е само обврска што произлегува од Договорот во Пржино и од Извештајот на Прибе, туку, стои во соопштението, децидно ја бара и Европската унија во Извештајот за Македонија, меѓу условите за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјава.
– За иднината на Република Македонија во моментов нема ништо поважно од фер, регуларни и демократски избори. Нема кредибилни избори без медиумски реформи, рече Заев, се вели во соопштението.