
Уставниот суд денеска на седница ќе решава за иницијативата за измени на неколку членови на Законот за помилување. Неколку стотици граѓани ноќта ја минаа околу платото на Уставниот суд, каде е видливо присутна е и полицијата.
Над 6.000 луѓе вчера се приклучија на ГРОМ во одбрана на институциите и против деструкцијата на СДСМ. Бројот на демонстранти постојано се зголемува и расте поддршката за партијата на Стевчо Јакимовски која застана во одбрана на институциите.