
Холивудската дива и амбасадортката на добра волја на УНИЦЕФ Анџелина Џоли во рамки на новата хуманитарна мисија пристигна во Атина за да ги посети бегалските кампови на грчките острови.
Нејзиното пристигнување во Грција пристигна големо медиумско внимание, а во пристаништето Пиреја, каде еден дел е претворен во бегалски центар за околу 4.000 мигранти денес настана вистински хаос.
Актерката беше окружена од стотици мигранти кои што се обидоа да поразговараат со неа или барем да направат селфи.
Анџелина не се бранеше од големиот број на обожавателите. Уште повеќе, таа имаше само еден телохранител, а, како што забележаа Грците и еден куп медиуми околу себе.
Најмногу време Џоли помина со децата. Таа разговараше со нивните родители, лекарите и со волонтерите, а потоа со траект се упати кон островот Лезбос.