
Германските власти во моментов спроведуваат рации во 10 сојузни покраина, трагајќи по припадници на екстремно десничарската организација „Бели волци терористичка екипа“, која е забранета, пренесуваат американските медиуми.
Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во тек е запленување на доказен материјал, што има за цел пронаоѓање на лидерите на групата.
Германските власти во јануари обвинија тројца мажи и една жена за формирање на ултрадесничарската група „Општество на старата школа“ и планирање бомбашки напади врз засолништа за бегалците.