
Француската антитерористичка полиција денеска уапси четворица радикални исламисти под сомнеж дека планирале нов напад во центарот на Париз, пренесе МИА.
Тројца мажи и една жена се уапсени рано изутринава во Париз и приградската населба Сен Дени на Сена.
Полицијата имала досие за сите четворица осомничени поради поврзаност со исламистите. За време на апсењето биле запленети неупотребен шаржер за автоматска пушка и компјутерска опрема.