Вардар одигра нерешено со Висла

Првиот натпревар од осминафиналниот двомеч на Варадар со полскиот вицешампион Висла Плоцк на гостински терен заврши со нерешен резултат (30 – 30).

Варадар во Полска настапи без тројцата повредени леви бекови, Лазаров, Горбок и Деревен, но македонскиот тим стигна до поволен резултат пред реваншот во Скопје за десет дена.

Карачиќ беше најефикасен кај Вардар со шест гола, пред Циндриќ со пет и Дибиров со четири погодоци.

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра на 26 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.